| четврток, 6 декември 2018 |

Фудбалер на Олимпијакос киднапиран во Мексико

alan pudilo

Фудбалерот на Олимпијакос и репрезентативец на мексиканската фудбалска репрезентација Алан Пулидо беше киднапиран вчера во северно Мексико.

Пулидо (25) е киднапиран во родниот град Суидад Викторија во сојузната држава Тамаулипас, јавуваат локалните медиуми.

Неговиот брат Армандо Пулидо ја потврдил веста и истакнал дека групата мексикански киднапериги нападнале фудбалерот и неговата девојка кога си заминувале од некоја забава.

Како што се наведува, фудбалерот на Олимпијакос ја напуштил забавата нешто пред полноќ по локално време, кога неговиот автомобил бил опколен, а потоа Алан и неговата девојка биле одведени во непознат правец. Засега киднаперите се уште не контакирале со семејството и не побарале откуп.

Минатата година во јуни Пулидо потпиша договор со Олимпијакос и неколку пати настапи за репрезентацијата на Мексико.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top