| четврток, 6 декември 2018 |

Просинечки: Македонците „нѐ убија“!

prosinecki-azerbejdzan-selektor

Македонската репрезентација, во подмладен состав, денес убедливо ја совлада репрезентацијата на Азербејџан во пријателски натпревар одигран во австрискиот град Бад Ерлах.

Нашите фудбалери триумфираа со резултат од 3-1 против селекцијата која на клупата ја води поранешниот стратег и играч од златната генерација на Црвена Звезда, Роберт Просинечки.

По натпреварот, Просинечки за медиумите призна дека неговиот тим е целосно надигран, посебно во првото полувреме.

„Во првото полувреме фудбалерите на Македонија „нѐ убија“. Навистина, беа многу подобри. Креираа многу шанси, што и самиот резултат покажува. Ние во вториот дел заигравме подобро и во тој сегмент можам да бидам задоволен“, истакна Просинечки, кој на денешен ден пред 25 години со Црвена Звезда ја освои титулата првак на Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top