| четврток, 6 декември 2018 |

Сириските бунтовници во контраофанзива

Сириските бунтовници презедоа контраофанзива и зазедоа две села, кои беа под контрола на Исламска држава. Поради офанзивата на ИД во северна Сирија од петокот над 100.000 луѓе ги напуштија домовите.

Локалниот координативен комитет, мрежа од активисти во Сирија, соопшти дека бунтовниците денеска ја повратиле контролата над селата Кафр Шуш и Брагида и ја прошириле тампон зоната околу градод Азиз, кој е под контрола на бунтовниците. Во Азиз живеат и десетици илјади бегалци.

Бунтовничката зона околу Азиз се протега до турската граница и се користи како коридор за снабдување на опозицискиот бастион во Алепо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top