| четврток, 6 декември 2018 |

Месецот во кој сте родени открива од кои болести ќе боледувате

Истражувачите тврдат дека постојат научни причини поради кои треба да обрнете внимание на месецот во кој сте родени.

Иако не е вообичаена пракса на сериозните академски истражувачи, сепак, научникот Никола Татонети се занимава со нешто целосно неочекувано за оние кои навикнале на истражувања на биолошки и молекуларни влијанија врз човековото здравје.

Проучувајќи ја големата база на податоци од пациенти кои Медицинскиот центар Колумбија го развивал последниве години, Татонети и неговиот тим за прв пат разгледувале дали месецот на раѓање има некаква врска со појавата на поедини болести.

Успеале да утврдат дека од 1.668 болести забележани кај пациентите, 55 од нив покажале силна поврзаност со месецот во кој тие луѓе биле родени, а Татонети тврди дека тоа не е случајност.

Утврдена е врска со 16 болести кои никој досега не ги поврзал со месеците, а меѓу нив се наоѓаат и болестите на срцето.

Астрологијата се темели на месецот во кој сте родени, што им штети на ваквите истражувања, бидејќи таа нема никакви научни докази кои би ја поткрепиле. Периодот во годината кога сте родени се отсликуваат врз вас по раѓањето – рекол Татонети.

Според податоците добиени од истражувањето кое било спроведено врз 1,7 милиони луѓе, родени во јануари – најчесто боледуваат од хипертензија, додека фебруари како месец на раѓање носи артијална фибрилација, пореметување на срцевиот ритам кое предизвикува треперење на преткомората.

Исто така, се покажало дека и пролетните месеци донесуваат болести на срцето, па така, оние родени во март боледуваат од атеросклероза, а оние кои роденденот го слават во април, не можат да избегнат ангина пекторис.

Родените во мај, јуни јули и август најчесто се многу здрави и поштедени од лоши болести, кои повторно се јавуваат во септември, кои боледуваат од астма.

Од друга страна, октомври носи ментални болести, ноември чести инфекции, додека родените во декември се борат со бронхитисот уште од најрана возраст.

извор: НМД

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top