Света Гора во Грција одбележува илјада години од православното монаштво на полуостровот Атос која се простира на површина од 335 квадратни километри. Оваа планина можеби е најголема област на светот каде што жените, па дури и животни од женски пол на смеат да пристапат.
Според авторот на книгата „Mount Athos: Renewal in Paradise” на доктор Храхам Спик, според правилото на богослужбата кое се нарекува типик, од 10. век се забранува на Света гора да се донесат женски животни, но ништо не се наведува за жените, бидејќи „сите знаат дека на жените не им е дозволен пристап во машките манастири“.
Тоа било наједноставен начин да се обезбеди целибат.
Она што Атос го прави поинаков од другите манастирски поседи е што целиот полуостров се смета за еден голем манастир.
Постои уште една причина поради што на жените им е забранет пристапот, а е поврзано со православното предание.
Според преданието, Богородица тргнала во друг правец кога се обидела да доплови до Кипар и стигнала до Света Гора. Толку и се допаднало, па го замолила својот син таа земја да ја нарече за своја и тој се сложил.
Атос уште се нарекува и „градина на мајката Божја“.
Единствен исклучок кога станува збор за доведување женски животно се мачките, кои ги ловат глувците и дивите животни.
Некои жени, меѓутоа го посетиле полуостровот, и покрај забраната, пишува „Би-би-си“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст