| четврток, 6 декември 2018 |

Турција не памети ваков одлив на туристи

Одливот на туристи од Турција годинава е најсилниот за последните 17 години. Министерството за туризам на оваа земја објави извештај, според кој во април 2016 година, земјата била посетена од 1,75 милиони туристи, што е за 28 отсто помалку од истиот период минатата година.

zlatni_rat5-200713_588325S1_20163791630

Падот на туристичкиот интерес за Турција е споредлив со 1999 година, кога по серијата терористички напади на ПКК туристичкиот поток кон земјата исто така падна, пренесе Deutsche Welle.

Причината за кризата во туристичкиот сектор на Турција се терористичките акти и влошувањето на односите со Русија. Бројот на руските туристи оваа година е намален за речиси 80проценти.

Бројот на германски државјани кои ја избираа Турција како туристичка дестинација, исто така паднал за една третина.

Според турскиот статистички институт од јануари до март оваа година, приходите на туристичкиот сектор во земјата се намалиле за 16,5 отсто во споредба со истиот период минатата година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top