| четврток, 6 декември 2018 |

Политичарите не се над законот, а останатите: Бобо Дајнерс, Верушевска, Фатиме – ќе побараат ли поништување на аболициите?

Лицата за кои претседателот Иванов не ја повлече аболицијата имаат можност да поднесат лични барања за поништување на нивните одлуки за помилување. Ова вчера го изјави шефот на државата Ѓорге Иванов, кој донее одлука за поништување на помилувањата за 22 лица, како што наведе, сите политички експонирани.

Pomoluvanje-SDSM

Законот за дополнување на Законот за помилување, донесов одлука за поништување на одлуките за помилување – ослободување од гонење без спроведување на постапка за сите политички експонирани лица, вкупно дваесет и двајца. Не сакам, веќе никој да има сомнеж. Ниту еден политичар не е над законот. Ниту еден политичар не е недопирлив. Напротив, секој ќе одговара за своите постапки, истакна Иванов вчера во обраќањето до граѓаните во претседателската вила „Водно“.

Тој посочи дека сите други лица кои беа помилувани на 12 април, согласно законските измени, имаат можност  да поднесат лични барања за поништување на нивните одлуки за помилување.

По ваквата одлука на претседателот Иванов се поставува прашањето дали можностa ќе ја искористат сопругот на Радмила Шекеринска, Божидар Јанковски, адвокатот Гаврил Бубевски, обвинителката Лиле Стефанова, сопругата на првоосомничениот во случајот „Пуч“ Зоран Верушевски, Соња Верушевска, Звонко Костовски, Ѓорѓи  Лазаревски и останатите лица кои не се опфатени со деаболицјата.

Сопругот на Шекеринска обвинет за аферата „Кирии“ ќе се откаже од амнестијата?

Божидар Jанковски – Бобо Дајнерс во февруари заработи кривична пријава од МВР за даночно затајување и злоупотреба на службената положба и овластувањата. Според пријавата на полицијата, во периодот од 1 јануари 2009 до 31 декември 2013 г., односно во периодот од 5 години, по основ на закуп на станови, Јанковски и неговата мајка во својство на физички лица закуподавци од една страна и повторнопријавениот од друга страна како одговорно лице во Дајнерс Клуб интернационал мак ДООЕЛ како закупец, склучил повеќе договори за закуп на станбен простор. Поедноставно кажано, Јанковски склучувал договори за закуп самиот со себе.

085811sekerinskabobo

За тековната 2009 година од јануари до октомври исплаќана е  кирија од 2100 евра за стан на улицата „Васил Ѓоргов“ во Скопје. За стан во Охрид пак за месеците ноември и декември е исплатена кирија од 900 евра месечно. Синот како директор на Дајнерс според МВР исплаќал и пари кон мајка си. Од 1 ноември 2009 до февруари 2013 г. авансно на 12 ноември 2009 се исплатени кирии во износ од речиси 90.000 евра за стан на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. Вкупно во 2009 се исплатени над 100.000 евра по основ на кирии.

Во 2010 година исплаќана е кирија за стан на улица „Хаванска“ по цена од 2500 евра месечно од јули до ноември, а во декември закупнината скокнала на 2.900 евра. За станот во Охрид Јанковски сам на себе си исплатил кирија од 27.000 евра. Во 2011 г. исплаќана е закупнина за станот на улица „Хаванска“ по цена од 2900 евра месечно во месеците јануари и февруари. Од март до крајот на годината закупнината драстично се зголемила на дури 5300 евра месечно. Во текот на оваа година директорот на Дајнерс сам на себе си исплатил 70.000 евра.

Во текот на 2012 за истиот стан исплаќана е закупнина по цена од 5300 евра месечно или на годишно ниво 50.000 евра од Бобо Дајнерс за Божидар Јанковски. Истата математика била направена и во 2013 кога повторно за станот на „Хаванска“ биле исплаќани по 5.300 евра месечна кирија. Вкупно за периодот од 5 години од сметката на Дајнерс на сметката на сопругот на Радмила Шекеринска биле префрлени нешто под 20 милиони денари или над 300.000 евра.

Во согласност со Законот за дополнување на Законот за помилување, донесов одлука за поништување на одлуките за помилување – ослободување од гонење без спроведување на постапка за сите политички експонирани лица, вкупно дваесет и двајца. Сите други лица, согласно законските измени имаат можност да поднесат лични барања за поништување на нивните одлуки за помилување.

 

Ќе побараат ли Фетаи, Стефанова, Бубевски и обвинетите во „Пуч“ повлекување на аболицијата?

Специјалните обвинители Фатиме Фетаи, Лиле Стефанова и кумот на адвокатот на Заев, Филип Медарски, Гаврил Бубевски, исто така се најдоа меѓу помилуваните од претседателот Ѓорѓе Иванов за кои вчера не беше повлечена аболицијата. Инаку, тие беа гонети поради сомнежи дека вршеле притисок врз сведоци.

Specijalno obvinitelstvo katica janeva lence fetai (7) (Custom)

Покрај нив, исто така се отвора и прашањето дали и обвинетите во случајот „Пуч“, кои не се најдоа на вчерашниот список на Иванов, Соња Верушевска, Звонко Костовски и Ѓорѓи Лазаревски ќе се откажат од аболицијата.

За еден од обвинетите Звонко Костовски, процесот заврши со спогодба – тој ја призна вината и се согласил на тригодишна затворска казна, но беше ослободен веднаш по аболицијата на претседателот Иванов. Звонко Костовски, кој на 25 февруари минатата година доби затворска казна од 3 години за незаконско прислушување и шпионажа, признал  на кој начин соработувал со странските служби, како Верушевски ги координирал осомничените, кој бил мета на незаконско следење по налог на поранешниот разузнавач.

Во пресудата која медиумите ја добија користејќи го правото на слободен пристап до информации стои дека дека делата на вработениот во МВР кој беше осуден започнале во 2010.

Преку вториот вработен во МВР тој стапил во контакт со Зоран Верушевски и по негов налог ги злоупотребил техничките капацитети на МВР внесувајќи телефонски броеви на повеќе политичари и други јавни личности. Од пресудата може да се видат иницијалите на дел од прислушуваните . Меѓу нив може да се препознаат првите букви од имињата на премиерот Груевски, министерката Јанкулоска, шефот на УБК Мијалков, како и други иницијали кои се индикативни како БЦ на Бранко Црвенкосвки и РШ на Радмила Шекеринска.

verusevski_zoran

Потоа снимените разговори осудениот му ги давал на колегата од МВР кој пак му ги предавал на Верушевски. Крајната дестинација биле странските тајни служби.

„Прибавените содржини од следените комуникации обвинетиот З. ги предавал на обвинетиот Ѓ.Л. кој му ги предавал на обвинетиот З.В., ,со намера да тој ги соопшти и предаде на странска држава, организација и лице кое им служи, со што обвинетите Ѓ.Л. и З. К. ,на обвинетиот З.В., за паричен надоместок му ставиле средства за располагање за извршување на кривичното дело, и со тоа со умисла му помогналe на обвинетиот З.В., во извршување на кривичното дело Шпионажа од чл.316 од КЗ.“, стои во судската пресуда.

Костовски доби 3 години затвор преку спогодба со јавното обвинбителство која потоа била верификувана од судија на претходна постапка во скопскиот кривичен суд. Тој беше ослободен по донесувањето на одлуката на претседателот Иванов за аболиција.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top