| четврток, 6 декември 2018 |

ФИБА Европа ја симна суспензијата за Македонија

ФИБА Европа објави дека ниту една федерација повеќе не е под суспензија. Оваа одлука ја донесе Бордот на ФИБА Европа на состанокот одржан во Даблин.

Раководното тело по прегледувањето на документите и извештаите донесе одлука да нема суспензија за националните репрезентации за време на Олимписките игри во Рио, како и за Европското првенство во 2017 година.
Суспензијата за неколку федерации меѓу кои и на Македонската кошаркарска федерација беше изречена пред околу еден месец откако клубови од националните шампионати застанаа на страната на Евролигата и АБА лигата. Покрај Македонија во меѓу „суспендираните“ федерации беа уште и федерациите на: Шпанија, Италија, Грција, Турција, Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Русија, БиХ, Литванија, Израел и Полска.
Македонската репрезентација летово ќе има настап во квалификациите за пласман на Европското првенство, а се наоѓа во група со Унгарија, Велика Британија и со Луксембург. Натпреварите ќе се играат од крајот на август до средината на септември

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top