| четврток, 6 декември 2018 |

По 2.000 евра за шопинг: ЕУ размислува да му даде подарок на секој граѓанин

Граѓаните на Еврозоната наскоро би можеле на одарок да добијат од 500 до 2.000 евра, кои би можеле да ги потрошат на што сакаат. На таква акција размислуваат европските економисти за да ја поттикнат потрошувачката.

Европската унија размислува на секој полнолетен граѓанин на еврозоната да му подари од 500 до 2.000 евра. Целта на подарокот би било поттикнување на потрошувачката, а предлогот доаѓа од европските економисти. Парите би ги дале Народните банки, а граѓаните би ги трошеле на што ќе посакаат, пишува хрватскиот весник „Дневник“.

– Во криза овој потег е многу добредојден, бидејќи ја поттикнува потрошувачката, со тоа и побарувачката и на тој начин и економската активност. Европската унија веќе го има направено тоа за време на криза. Ја поттикна потрошувачката на домашните производи. Германија и Франција, пример, им дадоа на секој граѓанин по 500 евра за да ја поттикнат потрошувачката на домашните производи и услоги – вели економскиот аналитичар Дамир Новотни.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top