| четврток, 6 декември 2018 |

Не сакав да го повредам: Бивша манекенка му пукаше два пати во глава на дечкото милионер

Младата Мајка Кукуцова од Словачка е осудена за убиството на своето поранешно момче Ендру Буш, британски милионер, во неговата куќа на имотот во Шпанија. Во него на 4 април 2014 година таа испука 3 куршуми, еден во рамото и два во главата. На суд сведочеше дека не се чувствува виновна и дека целиот случај бил самоодбрана.

– Не планирав да го повредам. Првиот пат пукав во него случајно. Силно ме зграпчи, а јас се обидев да се оттргнам и тогаш случајно пукав. После накратко оглувев, па пак пукав, но не знаев ни зошто, ни каде, ни колку пати. Бев во шок – изјавила Кукуцова.

Kukucova

Буш (48) и Кукуцова (26) беа во врска две и пол години пред тој да ја остави. Врската ја започнаа во Бристол, Англија, каде таа почна да работи во неговиот дуќан за скапоцен накит. Потоа, заедно се преселија во Шпанија. Таму, Буш се заљубил во друга и ја напуштил.

Месец дена по раскинот, таа се уште била во нивната куќа. Кобната вечер, Буш влегол дома во друштво на новата девојка, додека Мајка гледала телевизија.

– Кога ме виде, почна да вика и ме зграби силно за раката. Реков дека сакам да си одам, но тој не ме пушти. После почнавме да се туркаме и тепаме, а јас пукав – сведочела Мајка.

Кукуцова по тоа истрчала од куќата, ја избркала новата девојка од автомобилот и со него заминала во непознат правец. Четири дена подоцна сама се предала на полицијата во нејзиниот роден град во Словачка. После тоа е предадена во Шпанија каде покрај за убиство, и се суди и за кражба на автомобил.

Се претпоставува дека судењето ќе трае три години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top