| четврток, 6 декември 2018 |

Прв Саем за автоделови во Македонија

Дваесет и двајца реномирани производители на автоделови од Европа, најголем дел од Германија, денеска се претставија на првиот Саем за автоделови во Македонија.

Саемот е наменет за продавници за автоделови од разни градови од државата, сервисери на моторни возила и компании и поединци кои поседуваат возен парк и имаат потреба од  квалитетен сервис на автоделови.

Организатори на настанот се дистрибутерите на авто делови, Мега Ауто Партс, Крис и Том и СР Мега Ауто, членки на GAU International.

Мотивот за организирање, како што соопштија, е претставување на најновите автоделови од автомобилската индустрија, пред се квалитетни авто производи кои обезбедуваат поголема безбедност, сигурност и подобри перфоманси на автомобилите и останатите моторни возила, а кои се увезуваат во Македонија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top