| четврток, 6 декември 2018 |

СЈО работи со методи како на прочитан буквар и само ќе не направи посилни

gruevski_za_intervju_-_04

Начинот на работа на СЈО и методите што ги користи се како од времето на УДБА, смета Груевски и не верува дека тоа во иднина ќе се промени.

Не само што ќе продолжи, туку сигурно и ќе зајакне. Заев е незадоволен од СЈО. Досега од СЈО не успееја да го убедат народот во она што и тој не успеа лани со бомбите, јавната поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и понатаму расте, а не опаѓа.

Тој не гледа зошто би се плашел од формирањето на СЈО, ниту дека воопшто некој треба да се плаши од ова обвинителство.

Кај никого досега не забележав страв од фактот што се формира СЈО, кое треба да истражува што се случило во некои ситуации од нивното работење. Тоа ме охрабри и ми потврди дека луѓето навистина работеле посветено и чесно. Но кога се видоа методите со кои почнаа да работат, а за кои сега кажав, нормално се појави загриженост кај луѓето кои се таргети на СЈО и СДСМ, но и кај останатите што го следат процесот.

Но, бргу потоа кај голем дел таа загриженост и стравот поради непрофесионалното и пристрасно работење на луѓето во СЈО помина, откако разговаравме и сфативме дека со вакви методи тие не можат да успеат. Можеби кај некого сè уште има страв дека со злоупотреби на функциите ќе му наштетат, но многумина од нас на луѓето што користат вакви методи гледаме како на прочитан буквар, кој постапувајќи со омраза и партиски мотиви, само ќе нè направи посилни.

Всушност, целта на луѓето од СЈО, меѓу другото, беше да внесат страв. Мислам дека тие не ја прочитале нашата историја, ниту добро ја познаваат нашата религија. А најмалку од сè, нас лично. Или имаат тотално погрешна перцепција за нас или така сакаат да мислат заради лични партиски мотиви, убеден е Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top