Поранешниот вработен во ЦИА и во НСА, Едвард Сноуден, откри документи што кријат голема тајна. Како што веќе сигурно знаете, Сноуден на јавноста ѝ откри бројни документи меѓу кои има околу 15.000 австралиски тајни документи, повеќе од 58.000 британски тајни архиви и повеќе од 1,7 милион тајни документи на НСА. Тој потоа е обвинет за шпионажа, предавство и кражба поради што побегна во Русија каде што му е одобрен азил.
Сега кога се чувствува безбедно, Сноуден објави бројни информации за кои многумина веруваат дека се невозможни.
Тој тврди дека не само што човеколики вонземјани живеет меѓу нас под површината и на половите на планетата, туку дека властите знаат за тоа уште од деведесетите години на минатиот век, се тврди на порталот edwardsnowden.com
– Бидејќи системите за следење на балистичките проектили и сонарите за голема далечина се државна тајна, научниците немаат пристап до овие објекти. Меѓутоа, многу вработени во ДАРПА знаат дека постои вид многу поинтелигентен од луѓето кој живее под Земјата. Ако подобро размислите, тоа има смисла бидејќи под Земјата условите се речиси непроменети веќе милијарди години. Разликата меѓу нашата и нивната интелигенција не е во брзината на развојот, туку во тоа што тие не се соочувале со толкави препреки со кои се соочувала човечката површинска раса, изјави Сноуден.
– Претседателите секојденвно добиваат информации за нивните активности. Аналитичарите веруваат дека нивната технологија е толку напредна, па во случај на потенцијална војна ние би немале шанса да преживееме. Се смета дека ние за нив сме помали од зрно бибер и дека не гледаат причина поради која би комуницирале со нас. Меѓутоа, постои план во подземните шуплини да се детонира нуклеарно оружје како би ги спречиле да не нападнат – објасни Сноуден.
Ваквите тврдења се повеќе од вознемирувачки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Зошто Шведска е најдобра земја за живеење?
-
Претепување на трудници, силување на мажи и убивање на затвореници: Сноуден ја разоткри новата шефица на ЦИА
-
Во Белград се споија небо и земја (видео)
-
Древно пророштво: Една земја во Европа ќе се обидат да ја уништат, но таа ќе преживее и ќе стане Божји храм