Заев ја сведе политичката битка на лична битка со мене, а не на платформа за подобра Македонија, вели Груевски во третиот дел од нтервјуто за Телеграф и додава дека личните фрустрации се она поради што губи и ќе губи.
Сè што човек прави воден од омраза завршува со неуспех. Него го води омразата, и не може да се ослободи од тоа. И нема да се ослободи. Посилно е од него.
Мене ме води идеологијата на нашата партија и желбата за напредок и успех на Македонија, за повеќе нови работни места, за нови инвестиции, повисоки плати, пензии, субвенции, повеќе инвестиции во патишта, водоводи, да им се обезбедат евтини куќи на помладите, работа и посреќен живот, во Македонија, ја потенцра Груевски личната генда и агендата на партијата што ја води.
Ние веруваме во вредности, а не во омраза како СДСМ
Ние сме партија која покрај проектите, делата и реформите, функционира и на база на идеологија која има свои столбови поврзани со нацијата, традициите, вредности и вредносни критериуми, семејството, заштитата на приватната сопственост, поддршка на сиромашните, помагање на претприемачите, односот кон индивидуалецот и неговата среќа, но и кон народот и државата како причина за наше постоење и дејствување како партија, интегритетот на поединецот и нацијата, образованието, патриотизмот, историјата на нашиот народ и граѓани, иднината на земјата, заедничките цели.
Идеологијата на ВМРО-ДПМНЕ е поврзана и со името на партијата и со историјата. Тоа длабоко вкоренето чувство на идеологија е особено важно во периоди на криза и тогаш е основното сврзно ткиво, особено меѓу оние што се во партијата од идеолошки причини.
Кога веруваш во некои вредности и те носи некоја идеологија, подготвен си и на поголеми лични ризици, може и да паднеш од власт, но имаш сила пак да се повратиш и да успееш. Тоа членството на СДСМ го нема, или ако го има, е во минорна димензија. Нив ги води само личниот интерес и желбата за власт, за што се подготвени сè да направат, со секого да се здружат и подготвени се буквално на сè, вклучувајќи и за работи што се антидржавни. Тоа најчесто ги води во амбис. Затоа таму се инфилтрираат различни групации кои не можат да се идентификуваат едни со други, завршува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст