| четврток, 6 декември 2018 |

МНТ со претставата „Разговори во четири очи“ гостува на фестивал во Приштина

На 25 мај започна четвр­тото издание на Фестивалот на жени уметници во борба за човечки права „ФЕМАРТ“ – Приштина, Косово кoe ќе трае до 30 мај 2016 година. Во рамките на фестивалот, на 30 мај во Народниот театар во Приштина, со почеток во 20 часот, Македонскиот народен театар во ко­продукција со Скопје Филм Студио ќе ја изведе претставата Разговори во четири очи од Ингмар Бергман, а во режија на Нина Николиќ.

Оваа претстава се надоврзува на идејата на фестивалот за претставување и прикажување на дела и активности од женски автори и изведувачи: режисери, драматурзи, актери, уметници, поетеси, музичари и други. Фемарт е единствен женски фестивал во Косово и најголемиот во регионот. Фестивалот продолжува да прикажува оригинални и уметнички креации во повеќе категории: театар, документарни филмови, работилници, изложби, промоции на книги, концерти, поезија и други уметнички форми од уметници од Косово, регионот и Европа. Фемарт е организиран од Артполис – уметничка и јавна организација, а присуството на настаните е бесплатно. Во текот на шесте дена на Фемарт ќе бидат презентирани триесетина активности со над 100 учесници на 8 различни локации во Приштина во текот на целиот ден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top