Англиската невеста на ИСИС, некогаш Сали Џоунс, сега позната под друго име, на својот Твитер профил пратила застрашувачка закана во врска со можни терористички напади на Лондон.
-Да бидам искрена, јас не би одела во центарот на Лондон во јуни и јули. Всушност, воопшто не би одела таму…”, напишала Сали Џоунс, позната и како “госпоѓа Терор”.
По катастрофалната кариера како панк-рокерка, таа одлучила да премине во ислам, а потоа се омажила за екстремистот Хусаин, компјутерски хакер од Бирмингем кој минатата година бил убиен во еден од нападите на американските беспилотни летала во Рака. Сали тогаш одлучила да ја напушти Рака и да се пресели во Мосул.
Таа на Твитер исто така напишала и “Англија…Бум”, и тоа токму во моментот пред да биде суспендирана од страна на администраторите на оваа социјална мрежа.
Пред оваа закана, таа на Твитер се пофалила дека е во Ирак заедно со синот и дека уживаат во летото. Воедно пишувала навредливи статуси и за американските дронови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.