Вчера напладне со директен лет за Скопје, по настапот со Филхармонијата во Цирих, Макс Емануел Ценчиќ (Хрватска) пристигна во Скопје. На покана на Македонска Опера и Балет, светски познатиот контратенор, утревечер ќе има свој настап заедно со Василиј Хорошев од Русија и Реј Ченез од САД.
Клучната фигура во ренесансата кај контратенорите, како што го именуваат критичарите, владее со сцените во светот веќе 30 години. Со уникатниот глас, кој уште и го нарекуваат Ролс Ројс во Опера, надополнет со специфичниот надворешен изглед и гардероба, ќе биде вистинска сензација на сцената.
Иако по малку срамежлив, не ги штедеше своите впечатови за неговиот прв настап во Македонија.
-Всушност и не сум прв пат овде, тука бев пред 30тина години на детски фестивал. Пеам од шест годишна возраст, и едноставно нема сцена во светот каде нема настапувано. Тука сум на покана на еден мој пријател, и среќен сум што ќе настапам пред македонската публика. Знам дека МОВ е фестивал со повеќе децениска традиција и чест е да се настапи. Вчера имавме проба со оркестарот, и уживав заедно со нив. Што се однесува за настапот утревечер, единствено што очекувам е да уживаме заедно со публиката, изјави Ценчиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст