Науката докажала многубројни благодати од пцуењето. Можеби некој за вас мисли дека сте невоспитан или примитивни, но да знаете дека тоа не е точно.
Ја ублажува болката
Испитаниците кои сочно пцуеле можеле да ја држат раката во ледена вода во просек 45 секунди подолго од испитаниците кои се дереле изговарајќи пристојни зборови, покажало едно истражување спроведено на Кееловиот универзитет во Англија. А кога ги прашале како се чувствуваат, пцујачите чувствувале послаба болка. „Кога ќе се удрат, луѓето се советуваат добро да опцујат“, заклучува водачот на истражувањето д-р Ричард Стивенс.
Ве прави посилни
Во истото истражување испитаниците кои пцуеле на другите им изгледале посилни. Ричард Стивенс тоа го објаснува со фактот дека пцуењето го прави човекот поагресивен, па затоа делува пострашно за околината.
Пцуењето е добра психотерапија
Пцовките се одлична алатка која на луѓето им помага да се носат со околностите кои не се совршени. Токму затоа на испитаниците со раката во ледена вода не им помогнало урлањето со пристојни зборови. Луѓето кои пцујат чувствуваат помали последици од хормонот на стресот, па имаат и помал ризик од кардиоваскуларни болести.
Се чувствувате поотпорни
Затоа што пцуењето е своевидна психолошка прва помош, ви дава чувство дека можете сè.
Ве поврзува со другите
Пцуењето е важно за создавање меѓучовечки односи и пријателства. Дава доза интимност и поттикнува градење односи.
Пцуењето е вродено и експресивно
„Пцуењето ни помага да изразиме изненадување, бес, лутина, радост, среќа… Тоа е нешто како автомобилската свирка – можете да сигнализирате толку многу нешта. И пцуењето е дел од психата“, објаснува психологот Тимоти Џеј кој 35 години ги проучува пцовките.
Заменува многу нешта
Пцовката значи многу нешта. Може да замени именка, придавка, прилог, интерпункција… Накратко, таа е е*ено јазично богатство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.