Во голем пожар вечерва изгоре фабрика за производство на брикети за огрев во Кавадараци. Повредени нема.
Како што информира командирот на територијалната противпожарна единица Илчо Богевски, направена е голема материјална штета која дополнително ќе се утврдува, како и причината за пожарот.
Богевски соопшти дека веднаш интервенирале во гаснење на пожарот со две противпожарни возила и петмина пожарникари.
– На помош ни дојдоа и со по едно возило и со по двајца пожарникари, колегите од кавадаречките компании „Фени индустри” и „Кожувчанка”, како и колегите од територијалната противпожарна единица од Неготино. Два часа го гасневме пожарот, сега сме при крај со неговата локализација, изјави Богевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст