ди минирање, сообраќајот на патниот правец Кичево-Охрид кај Пресека утре во периодот од 13 до 15 часот ќе биде во прекин 15 до 20 минути, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија.
На регионалниот пат Р-2137 пред населено место Војшанци, поради деформации на мостот за возила со вкупна маса над 5 тона, сообраќајот се уште се пренасочува преку мостот на реката Вардар.(Демир Капија – Корешница – Војшанци).
Сообраќајот на сите останати државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по суви коловози.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово, Виница – Берово, Кочани-Делчево и Ресен – Буково каде е можна почеста појава на одрони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.