Во Велика Британија од денеска стапува на сила забраната за т.н. „Легални наркотици“.
Причина за тоа се повеќе од 100 смртни случаи поврзани со овие наркотици, пишува БиБиСи. Овој вид наркотици се смеси за пушење и рајскиот гас.
Законот предвидува подготовката и продажбата да се казнува со затвор до седум години. Забраната ги вклучува „Спајс“, Салвија дивинорум и мефедрон. “Спајс” и мефедронот се сметаат за легална замена на екстази и марихуаната. Рајскиот гас (азотниот оксид) и растението Салвија дивинорум се полесни дроги, но и тие паѓаат под забраната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.