Доналд Трамп бил поврзан со мафијашкиот бос кој е познат под името Дебелиот Тони, стои во текст на добитникот на Пулицеровата награда, Дејвид Кеј Џонстон.
Џонстон тврди дека градежната компанија на Салерно ги градела кулата „Трамп тауер“ и зградата „Трамп плаза. Тој истакнува дека Трамп направил договор со човек кој бил вмешан во рекетирање.
Сепак, тоа не е прв пат Трамп да соработува со Дебелиот Тони, но овој текст нуди најобемни документи и приказни врз основа на кои двајцата се доведуваат во врска.
Наместо да користи индустриски стандард челик, Трамп ја изградил својата зграда користејќи готов бетон.
Во достапните документи се гледа дека Трамп исплатил поголема сума пари во компанијата на Дебелиот Тони, за при градењето да се користи побрз, но не и побезбеден материјал. Секако, се погрижил и синдикатите да не кренат голема врева за тоа.
Комплетниот договор бил во рацете на адвокатот Роб Кон, еден од најблиските соработници на Трамп.
Сепак, тајкунот тврди дека не се сеќава дека направил таков договор, но и негира дека имал какви било врски со мафијата.
На основа на истражувањето и документите во кои Џонстон имал увид, се гледа дека Салерно имал удел во изградбата на империјата на Трамп уште во текот на 80-тите години на 20 век. Тој бил на чело на компанијата „С&А“, но бил поврзан и со многу влијателни синдикати.
Како што тврди Џонстон, оваа компанија почнала со работа по енормните уплати за изградба на „Трамп тауер“. Така, според пишувањето на Џонстон, Трамп платил за проблематичен бетон, а синдикатите, кои би можеле да се бунат, им ги оставил на претпријатијата.
„Но со адвокат како Кон, Трамп немал причина да стравува дека компанијата „С&А“ нема да го прифати договорот. За возврат, Трамп добил синдикален мир, што значи дека проектот нема да се соочи со скапа градба или доцнење“, стои во текстот.
Инаку, Дебелиот Тони во 1988 година бил осуден на 70 години затвор, а умрел во 1992 година. Договорот за изградба на „Трамп плаза“ бил проценет на околу 8 милиони долари.
Во својот текст Џонстон наведува и дека Трамп соработувал со Џон Коди, кој бил поврзан мафијашкото семејство Гамбино. Сепак, Трамп ги негирал и овие тврдења.
Додека овој тајкун се занимава со својата претседателска кампања, неговите противници и медиумите укажуваат на неговата поврзаност со мафијата.
И „Си-Ен-Ен“ наведува дека „Трамп плаза“ е изградена со бетон, а не од челик, а и дека таа индустрија е главно во рацете на мафијашите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.