Членовите на италијанската крајбрежна стража снимија смртоносно превртување на бродот со емигранти во Средоземно Море, а во акцијата потоа, успеале да спасат 562 лица.
Претпоставките се дека бродот се превртел откако луѓето што ја забележале крајбрежната стража тргнале кон една од страните на бродот. Во инцидентот смртно настрадале пет луѓе.
На фотографиите се гледа дека луѓето очајнички се држат за палубата и за оградата за да не паднат. Италијанскиот патролен брод „Бетика“ им фрлил појаси и елеци за спасување, додека друг брод пратил спасувачки чамци.
Истата патрола спасила уште 108 емигранти во друг инцидент што се случил вчера. Повеќе од 6.000 емигранти се трудат да дојдат до Европа преку илегален пат. Главната маршрута сега е меѓу Либија и Италија, откако ЕУ потпиша спогодба со Турција за спречување на маршрутата преку Егејско Море кон Грција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти