| четврток, 6 декември 2018 |

ГАК демантира: Пациентката беше згрижена, не манипулирајте со нејзината сосотојба

gak demant

Клиниката за гинекологија и акушерство остро ги дематира информациите кои деновиве беа пласирани во некои медиуми за здравствената сосотојба на пациентката Назмија Далипи. Во сторијата што ја објави ТБ 21, а ја пренесоа повеќе медиуми, беше објавено дека Назмија Далипи од Гостивар чекала интервенција на лекарите повеќе од осум часа, со мртов плод во стомакот и тоа веќе три дена.

Во демантот се наведува дека пациентката била примена, прегледана, и било констатирано дека поради хронично заболување треба да биде оперирана во работно време, во период кога има засилен лекарски тим, особено анестезиолошки, за да не се доведе во опасност нејзиниот живот.

Демантот на ЈЗУ У ГАК го пренесуваме во целост:

„Пациентката Н.П. за првпат се јавила на ЈЗУ У ГАК на 23.05.2016 во 19.03 часот во дежурната амбуланта за итни случаи. На пациентката ѝ бил извршен вагинален преглед при што е констатирано дека таа не крвави ex utero. На пациентката ѝ е извршен и ехо-преглед при што е констатиран плод стар 13 гестациски недели без срцева реакција, состојба позната како Missed abortion.

Во вакви случаи се пристапува кон отстранување на плодот, по претходна изврешена подготовка на мајката за интервенцијата од гинеколошки и анестезиолошки аспект.

Со цел интервенцијата да биде извршена во најбезбедни услови, кај пациентки кои не се во животна опасност истите се извршуваат во редовно работно време кога во установата постои засилена лекарски тим посебно од анестезиолошка служба со цел обезбедување на адекватен третман на пациентките. Со оглед дека дека овде станува збор за пациентка и со друго хронично заболување  уште поважно за нејзината здарвствена состојба е интервенцијата да биде во среда наутро.  Во колку пациентката била во животозагрозувачка состојба, интервенцијата ќе била извршена уште во болницата во Гостивар, каде што била на преглед на 21.05.2016 (саботата) кога и бил констатиран мртов плод, податок кој пациентката не го напоменува во изјавата. Доколку пациентката на 21.05.2016г. била во животозагрозувачка состојба, според докторите од Гостивар, пациентката ќе била испратена во Скопје со болничко возило, а не со сопствен превоз два дена подоцна.

На 23.05.2016г. пациентката била испратена од матичниот гинеколог  за преглед и мислење, а не за интервенција. Пациентката била испратена од матичниот гинеколог, а не од специјалистите гинеколози во болницата во Гостивар. Исто така треба да се земе  предвид дека матичниот гинеколог на пациентката работи само прва смена, а пациентката се јавува во вечерните часови на клиниката.

Се поставува и прашањето зошто матичниот гинеколог од Гостивар ја испраќа пациентката за интервенција во Скопје и ја изложува пациентката на дополниетелен трошок кога интервенцијата се извршува и во болницата во Гостивар.

На крајот во прилог Ви го доставуваме и извештајот од остварениот преглед на 21.05.2016год. кој пациентката го имала во болницата во Гостивар каде ѝ било сугерирано уште тогаш да биде префрлена во Скопје, НО ПАЦИЕНТКАТА ОДБИЛА ТРАСПОРТ!

Со ова се трга дамката која овој осигуреник  и некои медиуми се обидоа да ја фрлат врз ЈЗУ Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје.

Со овој демант реагираме и до колегите од матичните служби, до пациентите и пошироката јавност да не ја префрлаат вината на нашата установа со што го нарушуваат угледот во ситуации кога истата прави се што е од најдобра и најбезбедна полза за самите пациенти.

Одлуките кои се носат од страна на докторите се одлуки врз база на медицина базирана на докази и во согласност со тоапациентите треба да ги следат инструкциите.“

GAK demant

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top