| четврток, 6 декември 2018 |

Како да препознаете „шеќерно“ лице?

 

Шеќерот е еден од најголемите непријатели на нашето здравје и освен што го нарушува здравјето на усната шуплина, тој е еден од главните предизвикувачи на дебелината.

Овие работи речиси секому му се познати. Но она што е помалку познато е дејството на шеќерот врз лицето.

„Шеќерно лице“, односно кожа прекриена со акни, подочници и бледа кожа се последица од консумирање на храна која обилува со шеќер.

Тоа е проблем за кој многу малку се говори во јавноста, а може да предизвика повеќе штета одколку се мисли.

„Слатките намирници имаат висок гликемиски индекс (ГИ), а консумирањето на таквите намирници доведува до драматични промени на нивото на инсулинот.

Долгорочната исхрана со вакви намирници може да предизвика инсулинска резистенција и дијабетес и да го забрза процесот на стареење.

Шеќерот го спречува врзувањето на колагенот и кожата го губи свежиот и здрав изглед па побрзо доаѓа до нејзино стареење.
Други дерматолози предупредуваат дека шеќерот ја дехидрира кожата, таа зачестено се масти, а тоа доведува до појава на акни.

Урамнотежената исхрана сепак нема да ги „дозволи“ овие здравствени проблеми со повремен „сладок залак“. Препорачан максимален дневен внес на шеќер е до 30 г.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top