Остануваат само уште 8 дена до крајот на еден од најкреативните предизвици во последните години кој што има за цел да го реши горчливото прашање на нашето време – како да се справиме со климатските промени и како најдобро да се прилагодиме на нив. Климатскиот предизвик кој што е отворен за сите граѓани на Република Македонија има за цел да ја развие иновативноста кај населението и истото да го поттикне во смислување на иновативни проекти. Наградата за најдоброто решение е 10.000 долари, а крајниот рок на поднесување на апликациите е 1 јуни.
Климатскиот предизвик кој што е поддржан од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД), во соработка и со Амбасадата на Шведска, Министерството за животна средина и просторно планирање, Милиеуконтакт Македонија и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство може да ги опфаќа следните теми:
- Борба против климатските промени
- Намалување на загадувањето
- Заштита на зелените површини
- Намалување на цврстиот отпад.
Целта на климатскиот предизвик е пред се од урбан карактер, бидејќи градовите денес се главни причинители на климатските промени, а истовремено се соочуваат со сериозни ризици, вклучувајќи поплави и екстремни временски појави.
За да се награди најиновативната идеја ќе биде доделен грант од 10,000 американски долари, од кои 1,000 долари ќе бидат доделени како парична награда, додека 9,000 американски долари ќе бидат доделени на победникот во форма на придонеси со цел да се овозможи развојот на идејата во прототип на решение.
Како еден вид на потврда за тоа колку е успешен овој проект и применлив во реалноста може директно да воочите од минатогодишниот климатски предизвик каде што двете победнички идеи – паметни влошки за обувки кои може да служат за полнење на телефони, како и серија на вирални видео клипови со цел подигнување на јавната свест за климатските промени – се веќе успешно развиени во прототипи.
Доколку се сметате за иновативна и креативна личност без двоумење пополнете ја електронската апликацијата која што може да се најде на следниов линк: http://odtebezavisi.mk
Крајниот рок за поднесување на апликациите е 1-ви јуни, 2016 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст