| четврток, 6 декември 2018 |

Се чувстував како да ме прегазил воз, не знаев дека имам хипотироидизам

Денеска е 25 мај, Меѓународен ден за тироидно заболување. Меѓународната недела на свеста на тироидните заболувања првпат е организирана во 2007 година

Во земјата постојано расте бројот на пациенти кои имаат нарушување на работата на тироидната, односно штитната жлезда, а вистинските причини засега не се знаат. Симптомите зафаќаат широк спектар, па често се игнорираат или пациентите не ги препознаваат.

– Со години се чувстував како да ме прегазил воз. Тоа го препишував на уморот, стресот, обврските на работа и дома, семејството, двете мали деца. Постојано бев уморна, ненаспана, имав тахикардии. Поради умор, навечер рано заспивав, па некое време се будев навечер и не спиев со саати. Запсивав пред да ѕвони алармот за будење. Оттука доаѓаше ненаспаноста и уморот. Кожата ми стана груба и рапава. Ноктите ми се кршеа, а косата ми паѓаше. Внимавав на храната, а се дебелеев. Тоа го препишував на професијата, која е поврзана со седење… И поминуваа години, а јас се чувстував се полошо и полошо – раскажува една пациентка на која пред две години и бил дијагностициран хипотироидизам, намалена функција на тироидната жлеза.

На инсистирање на членови на потесното семејство, таа отишла на преглед каде што по ехо-прегледот и мерењето на тироксин Т4  и тријодтиронин Т3 било откриено дека штитната жлезда лачи со забавен интензитет.

– Ова е автоимуно заболување и дијагнозата е за цел живот. За среќа, со терапијата се се доведува во ред. Денес навистина се чувстувам добро. Секој ден, прво нешто што правам наутро е да се напијам „еутирокс“ па потоа ми почнува денот – вели Ана Ѓоргиевска, чија мајка исто така има намалено функционирање на тироидната жлезда, а нејзината сестра е носител на Хашимото синдром. И тоа е автоумуно заболување каде што самиот организам формира антитела насочени против тироидната жлезда, што води до хронично воспаление. Ова е едно од најчестите состојби кои водат до хипотироидизам.

Денеска е 25 мај, Меѓународен ден за тироидно заболување. Меѓународната недела на свеста на тироидните заболувања првпат е организирана во 2007 година.

Хормоните што ги лачи тироидната жлезда го регулират метаболизмот, односно енергијатата – телесната температура, влијаат врз функцијата на сите органи во смисол на забавување односно забрзување на функцијата на органите во телото. Тироидната жлезда лачи два главни хормона- тироксин Т4  и тријодтиронин Т3 како поактивен метаболит. Проблемот се јавува порани нивно намалено или зголемено лачење.

Најчесто станува збор за автоимуно заболување. Но, порано причина за хипотироизмот беше јодниот дефицит, а со воведувањето на суплементацијата на јод во исхраната, причината на хипотироза поради јоден дефицит е намалена. Поатојат и други поретки причини како, воспаленија, или мала жлезда (хипопластична), или пак ако во еден период од животот пацинетот имал зрачење во пределот на вратот.

– За среќа хипотироидизмот се третира доживотно со лекови кои не се штетни – вели асистент д-р Ирфан Ахмети од Клиниката за ендокринологија, дијабетес и метаболички нарушувања.

Од 23 до 29 мај здружението „Борка – за секој нов ден“ ја одржа националната кампања за подигање на свеста за тироидните заболувања во Македонија, „Виолетов караван 2016“.

– Виолетовиот караван“ се органзиира првпат и има за цел да ја подигне свесноста на населението за болестите на тироидната жледза, со цел навремено да се забележат промените и знаците на тироидното заболеување и навреме да се третира со цел да се спречат можните компликации.  Караванот опрфати посета во седум града, со бесплатни ехо-прегледи со цел да се направи скрининг за населението кое не е свесно дека има симптоми и знаци на тироидното заболување. Оваа година мотото е „Хипотироидизам – Демаскирање на симптоми и знаци“ – вели д-р Ахмети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top