| четврток, 6 декември 2018 |

Бил Козби открива гнасни детали: „Ќе ги најадев, ќе ги издрогирав, па се сексавме“

bil kozbi

Во пресрет на сослушувањето на Бил Козби, на кое е одлучено дали ќе оди на суд за дрогирање и силување на Андреа Констанд, протече едно негово вознемиурвачко признание на слични дела направени во минатото.

Комичарот признава дека имал сексуални односи со барем две тинејџерки и дека агенција му испраќала по пет-шест модели во стидиото секоја недела кога снимал некоја серија. Изјавил дека на младите непознати актерки има давал „многу, многу, многу добар оброк“, па им уфрлал таблети квалид во пијачката и се сексал со нив.

Овие детали од негово сведочење од 2005 и 2006 година ги објави Асошијетед прес непосредно пред неговото денешно сослушување.

Повеќе од 50 жени го обвинуваат за силување, но повеќето случаи веќе се застарени. Единствено за што е обвинет е силувањето на Андреа Констанд од 2004 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top