Турција од Софија ги побара причините за нападот врз Ахмет Доган, по вчерашниот напад на врз лидерот на партијата на бугарските Турци, Ахмет Доган додека тој им се обраќал на учесниците на партискиот конгрес во Софија. Доган е заслужен за учеството на турците во бугарскиот јавен и политички живот.
Според Неделчо Стојчев, директор на Институтот за психологија од бугарското МВР, мотивот на напаѓачот Октај Енимехмедов бил личен, „сакал да предизвика политички преврат и да му покаже на лидерот на ДПС дека нештата треба да се менуваат“. На конгресот на партијата Доган беше прогласен за почесен претседател, а за нов лидер е избран доскорешниот негов заменик Љутви Местан.
Ножот пронајден кај напаѓачот според Неделчо Стојчев од бугарското МВР, „го носи секој маж за да си наостри молив или да си пресече леб“.Бидејќи според полицијата, со пиштолот на гас немало како да биде убиен Ахмед Доган, напаѓачот ќе биде обвинет за закана за убиство и хулиганство, а не за обид за убиство.
Полициските психолози велат дека Енимехмедов со нападот сакал да стане познат, а се опишал како бугарски патриот. Во неговиот дом е пронајдено проштално писмо до мајка му, во кое тој објаснува дека можеби ќе загине.
Како дел од реакциите во Бугарија е и оценката на партијата „Ред, закон, правда“ дека целиот случај е режиран заради поддигнување на популарноста на ДПС, додека партијата „Бугарија на граѓаните“ вели дека нападот е сепак политички мотивиран.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



