| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска е Цветници, украсете со врбово гранче

Неделата пред Велигден е Цветници. Познат е и како Цветоносна недела или Врбица, што се празнува во спомен на влегувањето на Исус Христос во Ерусалим, кога неговите ученици и симпатизери кршеле цвеќе од дрвјата и врбови гранчиња и со нив, како и со својата облека, му го постилале патот по кој минувал.

цветнициВо тој спомен од најраните христијански времиња се слави празникот Цветници уште од третиот век. Иконите го прикажуваат тој момент како Исус качен на магаре, а неговите ученици и народот му го постилаат патот со цвеќиња и облека.

На овој ден Исус го воскреснал и Лазар од Витанија. Тој починал ден претходно, во саботата пред Цветници. Затоа и се вика Лазарева Сабота или Лазарица. заради воскреснувањето во народот неделата се смета за поголем празник од саботата.

Празниците Лазарева сабота и Цветници, се поврзани и со пролетта, со појавата на цвеќето, а посебно лазарските песни со семејни мотиви и желби за напредок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top