Среде острата дискусија за законите за зголемување на даноците и генерално поскапувањето на животот во Грција, искра фрли лидерот на Унијата на центристи, Василис Левентис, кој, повикувајќи се на информации од странските амбасадори, рече дека претходните премиери Јоргос Папандреу, Андонис Самарас и актуелниот премиер Алексис Ципрас го прифатиле предлогот за името „Нова Македонија“. Тој побара министерот за одбрана и прв човек на ултрадесничарската Независни Грци, Панос Каменос да ја објасни официјалната позиција на грчката Влада и дали тој го прифаќа терминот Македонија.
Каменос објасни дека лично не поддржува сложено име во кое ќе фигурира терминот Македонија, и дека за него се уште важи одлуката од времето на Костас Караманлис постариот.
-Јас зборувам за одлуката од претседателот Караманлис за некористење на името Македонија и ја слушам Бакојани како вели дека нејзината позиција е сменета. Да ве потсетам дека во владата во која бевте министер за надворешни работи премиерот Караманлис стави вето за да нема учество на Скопје во НАТО под името Македонија, потенцираше Каменос.
Бурно реагираше поранешната шефица на дипломатијата која го потсети дека од 2008-ма Грција има поинаква позиција за спорот за името, односно сложено име со географска одредница ерга омнес.
-Оваа е националната позиција, таа ја поддржавме во Букурешт, со таа победивме во Букурешт и таа и натаму продолжува да биде позицијата на државата. Ако министерот за одбрана, оди контра министерот за надворешни работи, следи поинаква политика парламентот има право да го знае тоа, реагираше Бакојани.
Каменос пак, обвини дека Нова Демократија го сменила ставот и најави нови случувања следните денови.
-Мислам дека Нова демократија ја менува одлуката на претседателот Караманлис и се согласува на користење на името Македонија. Ова е јасна политичка карактеристика и ќе се види следниве денови колку ќе се согласат, истакна Каменос.
Каменос не појасни за што точно треба да се изјаснат во следните денови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст