| четврток, 6 декември 2018 |

Тројца вегани починаа при обид да се искачат на Монт Еверест

mont everest

Три лица починаа, а дури 30 заболеле за време на експедициите на Монт Еверест минатиот викенд. Станува збор за експедиција во која се наоѓале претежно вегани кои сакале да докажат дека се способни на толку тежок потфат, пишува Вашингтон пост.
Една од жртвите е Австралијката Марија Стридом, лекторка,  која сакаше да совлада седум врвови на седум континенти, сакајќи да докаже дека луѓето што не јадат месо и месни преработки можат да ги совладаат екстремните физички напори подеднакво како и оние што јадат месо. Починала од висинска болест.

Покрај неа, во петок починал и Холанѓанецот Ерик Арнолд, како и Индиецот Субаш Пол. Сопругот на Стридом, Роберт Гропел се спаси во последен момент откако му се слошило за време на искачувањето.

Останатите алпинисти, околу 30, се здобиле со тешки смрзнатини по целото тело и висинска болест. Двајца Индијци исчезнале во саботата и по нив се трага.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top