| четврток, 6 декември 2018 |

Романтичната оперската претстава „Хофманови приказни“ на Мајски оперски вечери

Во вторник, 24 мај во рамките на 44. Мајски оперски вечери со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет, ќе биде изведена оперската претстава „Хофманови приказни“.

Романтичарската опера „Хофманови приказни“ на Жак Офенбах, во која  поетот Хофман ги раскажува своите вонвременски приказни за љубовта.
Приказните на Хофман се карактеризираат со нијанси на емоции проследени со алегориски фигури: љубов, добро и зло.

Разочаран и исцрпен, Хофман се буди како од кошмар да сознае дека вистинската убавина и вистинската љубов се наоѓаат во нас..
„Хофманови приказни“, која самата по себе плени со прекрасна музика и која ги следи доживувањата на боемот Хофман, но и со впечатлив наративен спој на настани од реалноста завиени во еден научнофантастичен контекст..
Настапува бројна солистичка екипа: Хофман: Себастијан Ферада (Уругвај), Никлаус: Николина Јаневска, Олимпија: Ивана Здравкова,Џулиета: Олгица Милевска, Антонија: Ноемa Ерба (Чешка),  Линдорф, Копелиус, Дапертуто,  Д-р. Миракл: Ернес Ибраимовски, Андрес: Дејан Стоев, Кошенил: Никола Стојчевски, Питикиначо: Дејан Стоев, Франц:Никола Стојчевски, Лутер: Диме Петров, Спаланцани: Зоран Данилов,Креспел:  Владимир Саздовски, Глас: Надежда Рубен и Шлемил: Невен Силјановски.
Диригент е Јануш Пшибилски (Полска), режисер: Урсула Хорнер (Австрија), сценограф: Марија Ветероска, костимограф: Марија Пупучевска, кореограф: Урсула Хорнер, Олга Панго,  концерт мајстор: Климент Тодороски, светло мајстор: Васко Лисичов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top