| четврток, 6 декември 2018 |

Европа има потреба од 1.300.000 работници, за оваа професија платата е 9.800 евра

Од почетокот на 2016 година, надлежните институции на Хрватска, Германија, Австрија, Чешка, Унгарија, Италија и Полска соопштиле дека имаат проблем со пронаоѓање, односно увоз на работна сила. Сите овие земји во Европа заедно бараат повеќе од 1.300.000 работници.

Се работи главно за стручни професии: инженери, електроника, медицина, но има и побарувачка и за сезонски работници во земјоделството и угостителството.

Eдна од најплатените меѓу дефицитарните професии е мехатроничар, кој во Германија е платен 9.800 евра, а следуваат лекарите со плата од 5.000 евра.

Во Хрватска платата на келнерите во просек е околу 800 евра, во Италија 2.000 евра добива сезонски работник, чистач во Австија 1.300, додека мехатроничар во Германија заработува 9.800 евра месечно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top