| четврток, 6 декември 2018 |

Шилегов доби нова дијагноза од Чибишев

SILEGOVЗошто Шилегов влета на прес-конференцијата на пратеникот д-р Андон Чибишев? Дали ова за него беше поправен испит за изјавата која ја даде во седиштето на СДСМ, каде надмено и безобразно, буквално го искара новинарот што го прашал такво нешто? Можеби, пак, Шилегов сакаше пред новинарите да се пофали со луксузното „Ауди“? Или пак по навика, џапнал некоја чашка повеќе? Овие прашања ги отвори професионалната ТВ „Селма“, а на анализата веднаш се надоврзаа „24 паравести.“

Мотивите за фуриозниот упад на пресот на д-р Чибишев се лични и поврзани со последната претпоставка, открива „Минус инфо“. Според извори од адвокатската канцеларија на опозицискиот гласноговорник, Шилегов бил стар пациент на клиниката на д-р Чибишев, кој беше директор на скопската Клиника за токсикологија, открива порталот.  Во дузина случаи, овој познат љубител на чашката завршувал токму во оваа установа, иако како алијас ПитерЈагненцев, сведочи изворот.

Кога дознал дека токму д-р Чибишев ќе држи прес-конференција пред неговите луксузни станови стекнати во најтешкиот режимски период, кога неговиот лидер со црвени очи од прислушувани разговори објавуваше бомби и се мачеше најмногу, Шилегов по 5-та чашка по без размислување истрчал со пајташите од кафаната, целиот во паника дека докторот ќе ја открие неговата слабост пред  јавноста. Не сакал да ги послуша партиските другари дека за докторот ова е професинална тајна која не смее и не може да ја објави без последици.

По првичната галама, кога увидел дека д-р Чибишев зборува за неговите станови од бедни 160.000 евра, Шилегов се см ирил и многу му олеснало, пренесе „А1, оф!“.  Смирен што новата дијагноза се однесува само на имотот од околу 700.000 евра, гласноговорникот се вратил во кафана и полн со себе викнал:  „Шо нема правда, а нема ни мир, то е јасно! Нек пукнат вмровчиштана! Шо пие кафана!“, продолжувајќи со жесток лумперај до касните утрински часови.

olafОлаф од Фрозен
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Олаф од фрозен

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top