Најмалку 100 лица се убиени во неколку експлозии во крајбрежни сириски градови, каде се упориштата на силите лојални на претседателот Башар ал Асад, јави Би-Би-Си.
Нападите се извршени во градот Taртус, каде загинале 48 лица и во Jaблeх, каде се убиени 53 лица соопшти Сирискиот центар за човекови права со седиште во Велика Британија.
Градовите се нападнати со седум, речиси симултани експлозии.
Државните медиуми објавија дека и автобуски станици и болница се меѓу целите на нападите.
Сириската државна телевизија јави дека нападот врз автобуската станица во Тартус е извршен од најмалку еден бомбаш-самоубиец со помош на автомобил-бомба.
Државната новинска агенција „Сана“ соопшти дека влезот на другата автобуска станица, онаа во Jaблех, бил цел на ракетен напад.
Групата Исламска држава ја презеде одговорноста за нападите во соопштение објавено на Интернет, наведувајќи дека цел на нападите биле Алавитите, малцинство на кое и Асад му припаѓа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст