Доколку се прифати предлогот на Синдикатот на полициските службеници за Законот за заштита на приватен имот, оние на кои крадци им упаѓаат дома со намера да извршат кривично дело, наскоро би можеле легално да ги лишуваат од живот.
Имено, поради сè почестите провални кражби во Србија, кои често завршуваат трагично, Синдикатот пратил допис до српската Влада, во кој предложува усвојување на закон како оној во САД, а според кој сопственикот може да се одбрани од секој кој неовластено влегува на негов имот, без притоа кривично да одговара, пишува Телеграф.рс.
Еден од оние кои само сакал да го одбрани својот, но и животите на својата сопруга и ќерка, кога во сред ноќ, во дневната соба му упаднал локален крадец и наркоман е Сашко Богески, кој поради тоа бил обвинет за убиство.
Иако институт за самоодбрана постои во српскиот закон, во судска пракса истиот не се користи широко, со оглед на тоа дека тешко се докажува.
Поради таа причина, во мај минатата година, Богески бил обвинет за убиство, бидејќи во својот дом во белградската населба Жарково го убил провалникот Владимир Маниќ во 2013. година.
На судењето кое се одржало во ноември, обвинетиот раскажал дека тој и неговата сопруга, таа кобна вечер, се подготвувале да си легнат, кога сопругата, која била во собата на својата ќерка, слушнала бука во другата просторија и се исплашила дека има некој во станот, пишува Telegraf.rs.
Богески навел дека се исплашил дека станува збор за крадец, и на својата сопруга ѝ рекол да повика полиција. Потоа се доближил до дневната соба, од кујната земал нож, а кога влегол во просторијата, видел човек, но е и неговото лице. Наеднаш, како што рекол, се запалило светлото и тој замавнал со ножот.
Обвинетиот додал дека не знае дали го повредил провалникот, туку само дека тој скокнал преку прозорот, по што не успеал да го види.
Иако во Србија законите не може да се применуваат ретроактивно, дури и доколку предлогот на Синдикатот на Вработените во полицијата биде ублажен, а потоа ваквиот правен акт усвоен, тоа нема да има формално влијание на постапката против Богески, но би му одело индиректно во прилог.
Покрај тоа, како што навел Синдикатот, тоа би придонело за намалување на стапката на провални кражби и трагични последици по граѓаните и нивните семејства, пишува српски Телеграф.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Грк украл врв од столб од Акропол
-
Нов закон во Франција: Казна три години затвор и 45.000 евра за секој политичар што ќе си вработи член на семејството
-
Милионска кражба во Македонија: Обиен сеф на приватна фирма
-
Фатил жена во кражба: Кога ги видел нејзините деца наместо да ја уапси направил нешто неверојатно(видео)