| четврток, 6 декември 2018 |

Цртање на асфалт по повод Денот на македонските просветители

Со цртање на асфалт пред споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк, деца од 12 градинки од подрачјето на Град Скопје денеска го одбележаа  Денот на македонските просветители „Св. Кирил и Методиј“.

Целта на манифестацијата „Цртање на асфалт“, според директорката на ЈУ Детски културен центар „Карпош“ Ружа Ѓорѓеска, која традиционално е во организација на ДКЦ „Карпош“, е најмладите да научат повеќе за значењето на празникот за македонските просветители и да ги искажат своите ликовни вештини.

За цртањето на асфалт,  ДКЦ „Карпош“ обезбеди материјали за цртање, а беше одржана и пригодна програма на која беа доделени симболични награди за учесниците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top