| четврток, 6 декември 2018 |

Тешка сообраќајка кај Струмица, возач загина на лице место

Струмичанец загина во сообраќајна несреќа што се случила во неделата вечерта во 21.30 часот на регионалниот пат село Банско – село Морино, во центарот на селото Мокриево, пренесува „Макфакс“.

Четириесет и едногодишниот Лазар Л., од струмичкото село Борисово со автомобил „голф“ излетал од патот, удрил во ограден ѕид од куќа. Од ударот возилото се одбило и паднало во канал за наводнување.

Возачот починал на самото место. Увид на лице место извршил јавен обвинител и екипа од СВР Струмица и се утврдуваат причините за несреќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top