| четврток, 6 декември 2018 |

Цртање на асфалт по повод Денот на македонските просветители

По повод  денот на македонските просветители „Св. Кирил и Методиј“ денеска во Градскиот парк ќе се одржи традиционалната манифестација „Цртање на асфалт“ во организација на ЈУ Детски културен центар „Карпош“.

За цртањето на асфалт, пред споменикот на Гоце Делчев, ДКЦ „Карпош“ ќе обезбеди материјали за цртање, а ќе се одржи и пригодна програма на која ќе бидат доделени симболични награди за учесниците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top