Руската репрезентација во хокеј на мраз го освои бронзениот медал на Светското првенство, откако во малото финале ја совлада селекцијата на САД со убедливи 7-2. Овечкин и другарите беа надмоќни во дуелот за третата позиција, и по првата третина обезбедија водство од 2-0, со головите на Војнов и на Мозјакин.
Во вториот период продолжи доминацијата на Русите, Телегин и Дадонов зголемија на 4-0, а Американците својот прв погодок го постигнаа дури во 35.минута преку Ватрано.
До крајот, за Русија стрелаа Панарин, Мозјакин и Шипачјов, а Ватрано уште еднаш ја погоди мрежата на рускиот национален тим.
Во големото финале силите ќе ги одмерат репрезентациите на Финска и на Канада. Почетокот е закажан за 19.45 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.