Мурад Лашрауи, братот на еден од бомбашите- терористи во Брисел, Наџим Лашрауи, во петок го освои златото на европското првенство во теквандо и подготвен е да ги браи белгиските репрезентативни бои на Олимписките игри во Бразил.
Неговиот постар брат Наџим беше еден од двајцата луѓе кои се разнесоа на аеродромот во Брисел на 22 март. Третата бомба беше активирана на метро станицата во Малбик. Во тие напади загинаа точно 32 луѓе.
21-годипниот Мурад е дел од 185- члената белгиска олимписка делегација во Рио, Каде ќе се натпреварува во категорија до 54 килограми. Фламанската теквандо федерација го прогласи за „европски крал во лесни категории“
На прес конференцијата два дена по нападите во Брисел, тој изјави дека неговиот брат бил прекрасен и интелигентен и дека не покажувал знаци на радикалност пред во 2013 година да замине во Сирија. За случајот со неговиот брат кој учествуваше во терористичкиот напад во Брисел, Мурад рече: „Бев исплашен и тажен“.
Ветеранот од Сирија кој бил електромеханичар е осомничен дека ги изработил појасите со експлозив и за нападите во Париз кога загинаа 130 лица.
-Тоа е лудо, навистина, исти родители, исто воспитување, а еден израснува во навистина добар а другиот во навистина лош- коментираше неговиот адвокат Филип Кулот.
-Не го избирате своето семејство- додава тој во врска со Мурад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.