Поради врнежите денеска се излеа реката Пена во Тетово. Поплавена земјена површина.
Врнежите предизвикаа прелевање на водата на Калковска река на регионалниот пат Удово-Валандово каде има наноси од кал и камења, а на регионалниот пат Гевгелија-Смрдлива Вода-ски центар Кожув поради стеснување на коритото на Коњска река за изградба на ХЕЦ и надојдените големи количества вода однесена е една коловозна лента од патот во должина од 15 до 20 метри.
Врнежите ќе продолжат до вечерните часови и ќе престануваат почнувајќи од север. Во југоисточните делови сè уште се очекува тие да бидат пообилни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.