| четврток, 6 декември 2018 |

Нова несреќа кај Катланово, „голф“ со силна брзина се забил во превртен џип

Уште една сообраќајна незгода се случи во близината на Катланово, откако вчера таму загина 29-годишно момче од Скопје.

Пред околу три часа се случила сообраќајна несреќа на автопатот Велес-Скопје, на околу 300 метри од тунелот во Катланово, во која џип со струмички таблички, од засега непознати причини, се превртел на патот.

 

На местото на настанот излегла полициска екипа, за да го обезбедува местото додека не пристигне увидната екипа.

Неколку моменти по несреќата со џипот, кон полициските службеници и превртеното возило со голема брзина се приближувал „голф“ кој удрил во џипот, во полициското возило како и во полицискиот службеник кој бил на службена должност.

Според досегашните информации повредени се три лица и тоа полицаецот и возачите на двата автомобили. Сите се пренесени на скопските клиники.

Увидот на местото на несреќата сè уште трае, а од полиција информираат дека сообраќајот се одвива нормално.

Фото: архива

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top