Метрото во Атина нема да работи овој викенд, а автобусите, тролејбусите ќе ја прекинат работата утре поради штрајкот на синдикатите во знак на протест против пакетот закони, изготвени од владата, објави весникот „Катимерини“.
Членовите во транспортните синдикати ќе се соберат на митинг утре пред Парламентот. Синдикалните лидери се очекува одново да се сретнат во понеделник за да одлучат дали да преземат следни дејствија.
Службениците на пристаништата Пиреја и Солун исто така ќе ја прекинат работата за време на викендот. Тие протестираат против плановите за приватизација на двете организации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.