| четврток, 6 декември 2018 |

Канал 5 со прашања за Трајчевски: Скандалозно е на ММА да ѝ одговарате заедно со политички субјект

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги излезе со соопштение по острата реакција од Македонската медиумска асоцијација.

isk-1-
Од агенцијата наведуваат дека оценката на ММА за уредувачка усогласеност на телевизиите Сител, Алфа и Канал 5 изнесена не само во вториот туку и во првиот извештај од предизборниот период од 2016 – та година била изненадувачка. Оттаму додаваат за обвинувањата дека станува збор за лично толкување и слободна перцепција, на што најдобро можело да се одговори преку факти. Во конкретниот случај преку споредба на прилозите емитувани на трите телевизии врз однова на кои бил донесен заклучокот во извештаите . Одговорните лица на овие три телевизии не би требало да се изненадени од ваквата оценка зошто таа се потврдувала и од поединечните извештаи за прекршување на член 75 – б врз основа на кои агенцијата покрена прекршочни постапки , а во кои се наведени само дел од емитуваните прилози , стои во дописот од агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Канал 5 му поставува неколку едноставни прашања на Трајчевски:
Скандалозно е на 5-те најголеми телевизии во Македонија, Алсат-М, Алфа, Канал 5 , Сител и Телма да им одговарате заедно со друг политички субјект, кога тоа можевте да го направите одделно. Или можеби сакате да ни инструинирате некаква наша конекција помеѓу ставовите на ММА и СДСМ?

Канал 5 кусо ве прашува – нормално ли е првиот човек на Агенцијата за медиуми јавно да го коментира слободното време на главниот и одговорен уредник на една телевизија или за тоа немате одговор?

Нормално ли е да клеветите за наводна „усогласеност“ во уредувачката политика на Сител, Алфа и Канал 5? Во кој член од било кој светски медиумски закон е забрането телевизиите да обработуваат исти теми на дневно ниво? Во кој закон или член пишува доколку две или повеќе телевизии обработуваат иста тема или прилог имаат усогласување на уредувачката политика?

Се повикувате на извештајот на ОБСЕ, но заборавате да кажете дека нивниот извештај се базира токму врз вашиот скандалозен извештај, односно ве цитираат вас и вашите научнофантастични креации.

Нормално ли е да клеветите дека наводно, Канал 5 имал “ говор на омраза“ а притоа без да ја почитувате презумцијата на невиност, иако добро знаете дека само надлежен суд може да донесе таква пресуда?

И за крај, нели ви е малку незгодно да пратите писмо/реакција од агенцијата заверено само со печат, без архивски број и име и презиме на одговорното лице или некое друго лице? Се плашите ли да се потпишете затоа што самиот не си верувате на вашите т.н. Заклучоци?

Господине Трајчевски, по сите овие ваши гафови, Канал 5 смета дека е веќе бесполезно да полемизира со вас, и заедно со ММА ќе донесе свој став и одлука за следните чекори, кои веќе претходно ви ги најавивме.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top