| четврток, 6 декември 2018 |

Кина обвинета дека продава човечко месо, властите бесни

На интернет се појавија застрашувачки фотографии на кои наводно е прикажано човечко месо, со опис дека станува збор за кинеско извозно говедско месо во африканските земји.

Кинеската влада издала соопштение во кое силно ги демантирала извештаите во кои е наведено дека во оваа држава се пакува човечко месо како говедско, и дека така се праќа во африканските фабрики, пренесува Мирор.

Службениците биле принудени да реагираат откако во африканските медиуми биле објавени наводите на Барбара Акосу Абоаги.

Таа на Фејсбук поставила ужасни фотографии како доказ, а овој пост бил споделен повеќе од 26.000 пати.

На некои јужноафрикански портали се одело до толку далеку што како причина за извозот на човечко месо ја навеле пренаселеноста во Кина. Исто така, истакнале и дека во оваа земја нема место за погребување на починатите.


Кинескиот амбасадор во Замбија, Јанг Јоуминг, изјавил дека станува збор за гласини на локалните таблоиди и злонамерни клевети.

Инаку, се воспоставило дека станува збор за снимки од “Resident Evil 6” од 2012 година, кои биле пласирани како фотографии од човечко месо.
Се очекува истрага за овој случај, за односите помеѓу Кина и земјите од Африка да не се влошат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top