Полскиот Институт за национална историја препорача во земјата да се отстранат статуите и споменици на Црвената армија, јави дописникот на МИА.
Советските трупи на Полјаците им помогнаа против нацистите, но тие ги потсетуваат и на настаните во Катин или на Варшавското Востание.
Во 1940 година беа убиени над 20.000 полски офицери и истакнати граѓани од страна на советската тајна полиција во близина на Катинската шума, а четири години подоцна, над 200.000 учесници загинаа во Варшавското востание кренато против нацистите.
Полјаците никогаш не и простија на Црвената Армија дека не им помогна иако беше пред „портите” на Варшава, непосредно пред крајот на Втората светска војна.
Токму од овие причини руските споменици се честа мета на незадоволните граѓани.
– Тие треба да исчезнат од јавните места, но исто така и да останат зачувани во некаква форма за идните генерации, изјави Анджеј Завистовск од полскиот Национален музеј.
Москва остро ја критикуваше постапката на Варшава, но полската десничарска Влада во пресметката со минатото е некомпромисна и веќе е донесен нов Закон за „декомунизација”, според кој во Полска ќе се менуваат и руските имиња на улиците и мостовите. Ова нема да биде многу лесно, со оглед на тоа што само во главниот град постојат над 30.000 предмети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст