| четврток, 6 декември 2018 |

Заборавете на продолжен викенд во Грција – границата ќе се поминува само пеш и со прекини

Иако вторник, 24 Мај, е државен празник и неработен ден за сите граѓани на Р. Македонија, доколку планиравте овој продолжен викенд да заминете за Грција, подобро е тоа да го одложите за некоја друга пригода.

Во текот на следните два дена граничните премини од грчка страна „Ники“ („Меџитлија“) и „Дојрани“ („Стар Дојрани“) ќе бидат затворени за патнички и товарни моторни возила поради штрајк на грчките цариници.

На граничниот премин „Евзони“ („Богородица“), пак, сообраќајот при влез и излез од Грција ќе се одвива со прекини, односно на секои два часа прекин ќе се пропуштаат возила во времетраење од 15-ина минути.

Македонското МВР добило известување од грчките погранични служби дека преминувањето на границата пеш ќе биде дозволено за сите патници.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top