Катица Јанева отвора случај за новите разговори, чие објавување го најави неорикосновениот лидер на СДСМ, Зоран Заев, објави ексклузивно „А1, оф!“
Предметот се вика „Т’лажго“, а едноставна причина за чудното име е што како и сите останати случаи на СЈО морал дабиде на буквата „Т“, пренесува порталот, повикувајќи се неименуван чувар на непостоечките смокви на Катица во село Мрзенци.
Веста во низа ја продолжи „Минус инфо“, според кои, извори од седиштето на СЈО пренеле дека специјалната обвинителка со жесток немир ја примила веста дека Заев има уште разговори кај себе, иако и дал чесен пионерски збор дека ги предал сите во фамозните 6 кутии. Катица искршила половина инвентар во СЈО, а продолжила во станот кој и го обезбеди државата. Останатите два нејзини стана од само 72 м2 и помалиот од бедни 68 во центарот на Скопје, останале негибнати.
-„Он од мен да и крие, брлок! Да Бога да, целио живот со тија неговите отровни корнишони да се ране! Арам да му е!“ – викала Катица, мешајќи гевгелиски во нервозата.
Случајот „Т’лажго“ , сепак, бил итно прекинат од чадорот, кој од амбасадата на скопскиот рид (кој не е Водно) веднаш и се јавил на Катица на заштитената линија. Убедувањето траело цели 12 секунди, по што Катица силно свикала:
-„Каков предмет „Т’тажго“? Фатиме – сечи, нема такво нешто! Ленче, јавуј се по медиуми и демантирај дека сме оддржаленекаква прес-конференција. Ако може Заев да мења став и мислење на 15 секунди, можеме и ние! Чадорот ќе не заштити!“
По ова се собрала, мавнала два дијазепама од 5 милиграми на екс и го грабнала мобилниот, стиснала на спид-дајл на број 1 и понизно, со цвркутав глас рекла:
„Џес, готово е, средено. Нема никад више, ветувам, нема да се повтори, извини душо, ама многу.Да, да ќе ги вработам во СЈО Ременски, Спасовски и Кирацовски, да. Овој Николовски не го бива, да. Другиве заслужија, да. Извини уште еднаш, душо. Бај!“
По тапшањето на раме преку телефон, Катица се стопила и организирала Пивоваров да ги запали скршените столици и мебел во СЈО, кои веднаш биле заменети со нови.
Психијатрите од „Бардовци“, пак, силно се заинтересирале од случувањето со самодемантите и различните прикаски на Заев, по што заклучиле дека се работи за негово постојано пројавување на Фројдовиот комплекс, кога несакајќи се кажува она што се потискува и крие. Во ДПМ по тој повод ја склепале:
„Ако имаш нешто неизречено,
нешто што те притиска и пече,
кажи му го на Заев,
тој на прес ќе го рече“
И додека ДПМ пееле и пиеле кај „Јоле“, дошол заклучокот на психијатрискиот конзорциум кој вели дека Заев се отворил кај Латас, а иницирачка каписла бил притисокот на вистината за поврзаноста со другар му Чауш, кога во паника се отворил и ја признал вистината за реално постоечки 1.050.000 разговори, од кои само 546.948 и се предадени на Катица. Таа, пак, меѓу силните бизниси со смоквите, становите и свадбите, не се ни грижела за СЈО, а и онака, правела се’ што ќе и каже Чадорот.
Потврдата за кажаното стигна веднаш, ТВ „Селма“ со торжествен тон на презентерката во СЈО маичка, позајмена од нивниот директор и уредник, пренесе ексклузивна информација дека Заев од утре ќе објавува уште цели 503.052 разговори.
Ќе ги тера на рати следните 30 години, до кога СДСМ планирале, конечно, да се доберат до власта. И Сорос потврдил дека има подготвено нови 150 милиони евра, по 5 годишно, за да ги покрие. Добротворот сакал својот 116-ти роденден да го прослави со победа на СДСМ.
Олаф од Фрозен
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
Олаф од Фрозен
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст